Италијанскиот министер за здравство Сперанца: Бележиме први знаци на забавување на растот на ковид-19

Фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Во Италија деновиве се забележуваат првите знаци на забавување на вртоглавиот раст на инфекциите со ковид-19, но ситуацијата и натаму е многу сериозна, а приливот на нови пациенти во болниците е сè уште голем и покрај ограничувачките мерки што се воведени, изјави италијанскиот министер за здравство, Роберто Сперанца.

Бројот на нови случаи на инфекција во последните 24 часа е за, речиси, 6.000 помалку од претходниот ден, вкупниот број на заразени изнесува 28.337, а бројот на смртни случаи е намален на 562, што е за сто помалку од претходниот ден.

Владиниот научен и технички комитет, тело што ја следи и анализира епидемиолошката состојба во земјата, предупредува дека трет бран на ковид-19 може да ја погоди Италија во јануари.

– Ние сме подобро подготвени за борба против инфекцијата отколку во март, но не смееме да го намалиме нашето внимание на кој било начин, бидејќи тоа може да биде катастрофално, изјави министерот Сперанца за ТВ РАИ, одговарајќи на шпекулациите дека владата може да ублажи некои од воведените ограничувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот