Гвидо Крозето / Фото EPA-EFE/GEOFFROY VAN DER HASSELT

Италијанскиот министер за одбрана заглавен во Дубаи со семејството

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето во саботата остана заглавен во Дубаи со своето семејство, откако сеопфатните напади на Соединетите Американски Држави и Израел врз Иран и возвратната одмазда доведоа до затворање на воздушниот простор и откажување на летовите низ Блискиот Исток, објави Ројтерс.

Министерот заминал од Рим во петокот вечерта со комерцијален лет за да му се приклучи на семејството кое веќе било на одмор во Дубаи, но не можел да се врати дома како што планирал бидејќи многу авиокомпании ги прекинаа летовите во регионот. Засега е неизвесно кога ќе може да се врати дома.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, сопартијка на Крозето од „Браќа на Италија“, во саботата свика неколку кризни состаноци во Рим поради воената ескалација. Крозето се приклучил на состаноците онлајн.

Воената ескалација остави околу 100.000 Израелци заглавени во странство, објави националниот телевизиски канал „Канал 12“. Воздушниот простор на Израел е затворен за цивилни летови до дополнително известување, поради иранските одмазднички напади.

Телевизијата исто така извести дека десетици израелски патници останале заглавени во Саудиска Арабија, каде што биле принудени принудно да слетаат на патот кон Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Израел нема воспоставено дипломатски односи со Саудиска Арабија, па патниците, според телевизијата, останале во авионот.

ШОКАНТНО ВИДЕО: Дрон удира во станбена зграда во Бахреин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот