Италијанците конечно се договорија, но рестартот на Серија А сè уште е во „магла“

фото: твитер

Екипите успеаја да ја натераат италијанската влада да попушти и да се согласи за измени во здравствениот протокол.

Министерот за спорт во Италија, Виченцо Спадафора, потврди дека Владата конечно им дозволи на екипите од Серија А да започнат со групните тренинзи откако е изменет здравствениот протокол кој беше најголемиот проблем за постигнување на договор.

Денеска конечно се реши најголемиот проблем на релација Влада – Серија А, ФИГЦ и Унија на фудбалери конечно е решен. Според стариот протокол, доколку еден фудбалер беше позитивен на коронавирус, тогаш целата екипа мораше да оди во 14-дневен карантин, но со новиот протокол тоа е надминато.

Според весникот „Ла Република“, екипите од Серија А се согласија почесто да ги тестираат своите фудбалери, па така тие по враќањето на тренинзите за 24 часа два пати ќе бидат тестирани, а потоа тестовите ќе се прават на секои четири дена. На секои 14 дена ќе им биде вадена крв на фудбалери, а доколку некој фудбалер е позитивен на коронавирус, тогаш само тој ќе замине во карантин.

Следен чекор е да се одреди датумот на продолжување на сезоната во Серија А, иако беше одреден 13. јуни, одлуката да се одложат групните тренинзи во тренинг камповите, се очекува да се одреди нов датум.

– До 28. мај сите ќе можеме да го одредиме датумот за враќање на Серија А. Токму за тој ден закажав средба со претседателот на фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ), Габриеле Гравина, со претседателот на Серија А, Паоло Дал Пино и останатите. Тогаш ќе имаме доволно податоци за да можеме да донесеме нови одлуки – изјави министерот Спадафора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот