Италија: Заменик-министерот за правда и помошникот на министерот поднесоа оставки
Италијанската премиерка Џорџа Мелони ги прифати оставките на заменик-министерот за правда Андреа Делмастро и Џузе Бартолоци, раководител на кабинетот на министерот за правда.
Препорачано
Двете оставки се сметаат за индиректна последица од негативниот исход од референдумот за реформа на судскиот систем и, според информациите, ги побаралa Мелони, пренесува АНСА.
Делмастро поднесе оставка бидејќи беше откриено дека претходно отворил ресторан со ќерката на мафијашка фигура. Бартолоци, за време на референдумската кампања, ги спореди судиите со „извршни одреди“.
Италијанскиот премиер, во исто време, „посака примерот на Бартолоци и Делмастро да го следи и министерката за туризам, Даниела Сантанке“.
Станува збор за политичарка која беше упатена на суд за фалсификување на билансот на состојба на нејзината приватна компанија и е под истрага за случај поврзан со измама против Италијанскиот институт за социјално осигурување.
Засега, според информациите, италијанската министерка за туризам не е подготвена да ја следи препораката на Мелони.
Конечно, најголемите опозициски партии побараа и оставка од министерот за правда Карло Нордио , кој веќе ја презеде политичката одговорност за отфрлањето на правосудната реформа од страна на граѓаните.


