Италија во преодна фаза на укинување на блокадите – Италијанците се враќаат на работа

Според истражувањата на во земјата се покажало дека стапката на ширење на вирусот е намалена за 45 отсто.

Во Италија за 20 дена ќе се премина на фтората фаза кон излез од моменталните блокади, а со цел постепено враќање кон работните активности во земјата. Компаниите од здравствените власти добија насоки како да се подготват за да ги заштитат вработените.

Аналитичарите оценуваат дека следните чекори со кои се предвидува укинување на рестриктивните мерки е значаен показател за напредок на Европа во борбата против корона вирусот бидејќи Италија е и првата земја на стариот континент која западна во кризата но и прва земја која воведе карантин на цела територија.

Повеќе од 60 милиони граѓани повеќе од еден месец се под рестриктивни мерки, а се очекува олеснување на мерките некаде околу 4. мај.

Владата во Италија е под двоен притисок поради здравствените последици и борбата против пандемијата, но и поради економските последици, а понатамошните чекори сепак ќе зависат од движењето на епидемиолошката крива која за сега бележи пад.

Според последните податоци од здравствените власти во Италија во моментов речици 28 илјади лица се хоспитализирани, што е за 297 помалку во споредба со претходниот ден, а 3.343 пациенти се на интензивна нега, што е исто така за 38 помалку во однос на претходниот ден.

Според истражувањата на во земјата се покажало дека стапката на ширење на вирусот е намалена за 45 отсто.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот