Италија и Шведска имаа целосно различни пристапи, а сега се мирни: Вирусот го држат под контрола додека светот и натаму се бори

Луѓе уживаат во сончевото време во парк во Стокхолм / 22 април 2020, Стохколм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

Во актуелната фаза после пикот, двете земји си го најдоа својот модус, пишува Блумберг.

Во моментот кога ширум светот се зголемува бројот на заразени од коронавирус, Италија и Шведска, две земји кои беа најтешко погодени на врвот на епидемијата успешно го држат под контрола натамошното ширење на вирусот.

Дневните извештаи покажуваат дека бројот на потврдени нови случаи на инфекции во двете земји изнесува околу 200, а притоа ништо не навестува дека заразата повторно ќе пламне. Во исто време, бројот на новозаразени на дневно ниво во Шпанија минатата недела скокна на повеќе од 2.000, а во Франција на повеќе од 1.000.

Се поставува прашањето, што Италија и Шведска направија поинаку за да се изборат со пандемијата?

Италија беше првата европска земја во која бројот на заразени нагло почна да расте и прва која воведе драконски мерки на изолација. Шведска избра полиберален пристап, па така децата продолжија да одат на училиште, а мерките за заштита главно се засноваа на социјално дистанцирање и самоизолација, а не на наметнат карантин.

Луѓе уживаат во сончевото време во Стокхолм / 22 април 2020, Стохколм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

Иако „заклучувањето“ на населението во Италија придонесе за спасување на животите, мерката стигна предоцна. Наспроти тоа, во Шведска никогаш не е воведена. Со 35.154 починати, бројот на жртвите по жител во Италија изнесува околу 600 на милиони луѓе, исто како и во Шведска, каде починаа 5.743 лица.

Во актуелната фаза после пикот, двете земји си го најдоа својот модус, пишува Блумберг.

Луѓе на пазар во Малмо / Шведска, 29 април 2020 / Фото: EPA-EFE/Johan Nilsson SWEDEN OUT

Во Италија мерките за социјално дистанцирање значат луѓето да држат растојание од еден метар и да носат маски во јавност, во затворен простор и во јавниот превоз, при што мерките строго и прецизно се спроведуваат.

Италија: Полицијата им мери температура на граѓаните

Ако влезете во воз или деловна зграда ќе ви измерат температура, а пред излегување на вечера ќе мора во ресторанот да оставите податоци за во случај на инфекција да се овозможи следење на ланецот на заразата.

Пред одење на популарните туристички дестинации, како Сардинија, Сицилија и Апуља, туристит емора да пополнат формулар, а во Ломбардија, некогашниот епицентар на пандемијата, маските се носат и надвор. Кршењето на карантинот се сметаше за кривично дело за кое следуваше парична или затворска казна.

Полицијата во северниот регион на Италија проверува дали луѓето одржуваат дистанца и носат маски / Ломбардија, Италија / Јули 2020 / Фото: EPA-EFE/FILIPPO VENEZIA

Во Шведска луѓето не се должни да носат маски, социјалното дистанцирање се препорачува, но не е задолжително, но на луѓето им се препорачува да останат дома ако не се чувствуваат добро.

Притоа е важно да не се изгуби од предвид дека Шведска не успеа едноставно само затоа што го пушти „вирусот да дивее“ – имунитетот и натаму им е низок, покажуваат тестовите на антитела. Факт е дека го сменија однесувањето: во многу области на улиците има помалку луѓе, функционерите редовно ги предупредуваат луѓето дека непочитувањето на социјалното дистанцирање ќе повлече по себе воведување на построги мерки. Некои мерки се заострени поради недисциплина – од забрана на посети во домовите за стари лица до затворање на ресторани во Стокхолм.

Луѓе уживаат во сончевото време во Стокхолм / 22 април 2020, Стохколм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

Секако, овој модел не може секаде да се примени, зошто Шведска е земја на млади и ретко населена, а значителен дел од луѓето живеат сами во домаќинството. Сепак, тајната е можеби во нешто друго, а тоа е доследноста.

Ако е целта да се живее со вирусот додека не се најде лек или вакцина пристапот „тргни-застани“ кога се во прашање правилата (на пример, треба ли да се носат маски и кога) може да биде контрапродуктивен и да го отежни нивното спроведување, смета Џулијано ди Балдасаре, професор по кризен менаџмент на Универзитетот во Упсала.

Додека Италија е пример кој покажува дека будноста и интервенцијата се исплатливи, Шведска не потстува дека борбата со пандемиајта од коронавирус е маратон, а не спринт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот