Истражување откри кои автомобили ги возат најагресивните возачи во сообраќајот

Гужва во сообраќај
Сообраќај, гужва/ Фото EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Возачите на БМВ, Ауди и Мерцедес се арогантни, безобразни, диви, не ги почитуваат другите учесници во сообраќајот или сообраќајните прописи! Предрасудите кои ги слушаме речиси секојдневно може да се карактеризираат како озборувања кои секогаш излегуваат на површина кога сопственикот на автомобил од овие германски марки ќе предизвика сообраќајна несреќа.

Иако предрасудите за способностите и однесувањето на возачите на германските познати марки немаат научна основа, бројката на судири и инциденти во сообраќајот на возачите на БМВ, Мерцедес и Ауди сепак даваат основа за шпекулации.

За да провери што мислат самите возачи за навиките на другите возачи, норвешката осигурителна компанија „Storebrand“ спроведе истражување преку агенцијата Норстат за да открие кого сметаат за опасен, а кој најпретпазлив на патиштата, пренесува ТВ2.но.

Резултатите се интересни, а многумина ќе кажат и очекувани.

Возачите на БМВ се најагресивни зад воланот и така мислат повеќе од половина од испитаниците. Покрај нив е Audi (37 отсто), потоа Тесла (30 отсто), Порше (18 отсто) и Мерцедес (15 отсто).

На спротивна страна се возачите на Тојота, Волво, Шкода, Фолксваген и Опел.

Петер Берг од „Storebrand“ ги коментираше резултатите: Возачите на БМВ и Ауди се константни во ваквите истражувања. БМВ особено се издвојува во нашата статистика во однос на бројот на повреди, но повеќе сме изненадени од Тесла со оглед на релативно малиот број на нивните модели на патиштата во однос на другите марки – заклучи Берг.

Сопствениците на овие брендови се сметаат за најагресивни во Норвешка:

1. БМВ 53%

2. Ауди 37%

3. Тесла 30%

4. Порше 18%

5. Мерцедес 15%

Сопствениците на овие марки на автомобили се сметаат за највнимателни:

1. Тојота 23%

2. Волво 17%

3. Шкода 12%

4. Фолксваген 10%

5. Опел 8%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот