Истражување: Дури 66 проценти од луѓето биле пријатели пред да се впуштат во љубовна врска

љубов
Фото: Pexels

Љубовта сама по себе за многу луѓе е чиста мистерија. Доколку сè уште не сте го пронашле својот љубовен партнер, научниците сугерираат да ги прегледате веќе постоечките контакти во вашиот мобилен телефон, бидејќи е можно меѓу нив да се крие љубовта на вашиот живот.

Имено, во мета-анализа на седум студии објавена во списанието „Social, Psychological and Personality Science“, истражувачите ги анализирале резултатите од 1.900 учесници и откриле дека 66% од нив биле во пријателски односи со своите партнери пред да влезат во емотивна врска.

љубов

Според експертот за односи и терапевт Рејчел Рајт, ова истражување покажува дека повеќето романтични врски се развиваат и се темелат на пријателство, а причината се наоѓа во истражувањето на основачите на институтот „Gottman“, брачниот пар Џон и Џули Готман.

„Ако ја погледнете нивната теорија за долгорочни, среќни, здрави и успешни врски, ќе видите дека љубовта се споменува дури на крајот“, посочува Рајт, додавајќи дека истите карактеристики што не прават добри пријатели всушност не прават добри партнери.

љубов

Понатаму, има смисла дека вредностите што се важни во пријателските односи да се од суштинско значење и во долготрајна и среќна врска, бидејќи разбирањето на партнерот како човек е можеби најважната компонента на секоја успешна врска.

„Запрашајте се во што, освен во сексот, е разликата помеѓу вашите пријателства и вашите романтични врски и бидете сигурни дека она што го имате со пријателите е присутно и кај вашите партнери“, вели таа.

Нема причина зошто двајца возрасни да не можат да го сменат контекстот на нивната врска и да се вратат на старо, ако романтичната врска не функционира, не заборавајте да негувате пријателска врска со сите нови потенцијални партнери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот