Истражувањето покажа: Луѓето родени на овој датум се најуспешни

Сите ги сакаме родендените. Освен торта и подароци, тој ден е посебен и по тоа што цел ден го поминуваме славејќи, а според „Ocean Finance“ оние кои се родени на одредени датуми имаат уште една причина повеќе за славење.

Истражувачите анкетирале 1650 најуспешни луѓе во Велика Британија и утврдиле дека повеќето од најуспешните се родени во септември, а еден датум особено се истакнува.

Наводно оние кои се родени на 6-ти септември се поуспешни и попаметни од другите.

Оние кои се родени во февруари и ноември се сметаат за најмалку успешни бидејќи во тие месеци биле родени само шест проценти од најуспешните луѓе кои биле анкетирани.

Луѓето родени во април, јули и декември се успешни со само седум проценти, а следуваат јануари, јуни и август со стапка на успех од осум проценти, потоа октомври со девет проценти на успешност, мај со 10 проценти и март со 11 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот