Истражување: Општина Охрид најдобро рангирана според Индексот на отвореност на локалните самоуправи

Фото: mia.mk

Општината Охрид најдобро котира на листата со Индексот на отвореност на единиците на локалната самоуправа за тековната 2020 година. Тоа го покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис” во соработка со УСАИД за проценка на владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија со фокус врз четири принципи и тоа пристапност, ефикасност, интегритет и транспарентност.

Според истражувањето, Општина Охрид бележи висок процент на исполнителност во сите четири принципи, а најдобри резултати има во делот на транспарентноста на организациски информации, јавни набавки, буџет и јавните консултации.

На регионалната онлајн презентација на Извештајот посветена на Општина Охрид присуствуваше и градоначалникот Константин Георгиески кои истакна дека во текот на работењето Општина Охрид постојано се стреми да достигне високо ниво на транспарентност и максимално да го почитува принципот на отвореност со тоа што редовно се споделуваат сите информации кои се во интерес на јавноста и редовно се информираат граѓаните за сите детали од работењето. Според него, Општината ќе ги прифати сите забелешки и заклучоци што произлегуваат од Истражувањето и ќе ги спроведе сите мерки за подобрување по одредени параметри на транспарентноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот