Истрага за шверц на мигранти низ Хрватска: За две години заработиле 300.000 евра

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Хрватското државно Обвинителство за спречување на корупција (УСКОК), врз основа на пријава од приморско-горанската полиција, почна истрага против осум криумчари на мигранти кои, наводно, на тој начин за две години заработиле 300.000 евра.

Групата ,која оперирала од 2018 година до септември оваа година, според тврдења на Обвинителството, со непозната личност од странство договориле прифаќање на мигранти на границата меѓу БиХ и Хрватска за најмалку 2.000 евра по лице и 300 евра по парче багаж.

Нивниот транспорт низ Хрватска, криење и префрлување во Словенија, го организирале со останатите осомнитечни во групата.

– Покрај тоа, ги ангажирале и во претходница во насока на воочување и дојава за останатите членови на групата во случај на присуство на полициска патрола“, соопшти УСКОК.

Од таму додаваат дека организаторите на групата набавувале мобилни уреди и радио станици за прикриена комуникација и ги подмирувале трошоците за одржување и поправка од евентуални дефекти на возилата за транспорт на илегални мигранти.

На тој начин, според УСКОК, членовите на групата низ Хрватска превезле и во Словенија префрлиле најмалку 129 лица и меѓусебно поделиле заработка од 296.700 евра. Од Обвинителството се сомневаат дека лицата имале помош од вонбрачна партнерка на еден од нив која е осмообвинета во предметот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот