Истрага за дилер на марихуана од тетовско Слатино

Речиси 45,1 отсто од оперативните сознанија што дошле до македонската полиција во текот на 2021 година се однесуваат на недозволена трговија со марихуана, па затоа најзастапена е заплената на марихуаната.

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 6 февруари, во семејниот дом во тетовското село Слатино, осомничениот држел 74,37 грама наркотична дрога марихуана, спакувана во повеќе помали пакувања, скриени на различни локации во неговата соба.

За 31-годишниот осомничен, за кого постои опасност да се даде во бегство, да влијае врз сведоци или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител предложи да биде определена мерка притвор. Судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот