Историско прво место за Ферстапен на трката во Монако

epa09222841 Winner Dutch Formula One driver Max Verstappen (C) of Red Bull Racing celebrates with team members after the Formula One Grand Prix of Monaco at the Circuit de Monaco in Monte Carlo, 23 May 2021. EPA-EFE/Sebastien Nogier / POOL

Макс Ферстапен, возачот на „Ред Бул“, стигна до првата победа во Монако (петта трка оваа сезона во Формула 1), а вкупно 12 во својата кариера, и воедно се искачи на врвот во генералниот пласман.

Холанѓанецот беше најдобар во 67 издание на легендарната трка на улиците во Монте Карло за првпат во неговата кариера.

После лошите квалификации членот на „Мерцедес“, Луис Хамилтон имаше разочарувачки викенд и на крајот трката ја заврши како седмопласиран.

Неговиот клупски колега Валтери Ботас поради проблеми со пневматиците беше принуден да се откаже.

Второпласиран беше Карлос Сајнц, а трет Канаѓанецот Ландо Норис, додека Серхио Перез заврши на четвртата позиција.

Шарл Леклер кој во саботата ја обезбеди пол-позицијата имаше дефект на левиот менувач, немаше време за нова интервенција, па така Ферстапен ја искористи ситуацијата.

Моментно сезонава во Ф1 шампионатот води Ферстапен со 105 бодови (за првпат да води и во генералниот пласман), четири повеќе од актуелниот светски шампион Хамилтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот