„Испил чаша вотка, па имале секс“: Љубовницата на сопругот на Николина Пишек дала изјава во полиција и признала сѐ

Фото: Инстаграм/Николина Пишек

Хрватската водителка Николина Пишек неодамна ги потврди шпекулациите за околностите на смртта на нејзиниот сопруг Видое Ристовиќ, односно дека тој починал покрај неговата љубовница.

Српските медиуми сега пишуваат дека жената, која била во тајна врска со Ристовиќ, била испрашана во полиција и дека во таа прилика раскажала како се одвивале работите таа кобна ноќ.

„Таа девојка беше испрашана на лице место. Таа им кажа на полицајците дека по професија е физиотерапевт и дека со Видое се познава околу една година. Исто така, таа наведе дека тој е во брак со Николина Пишек. Им раскажа дека Видое пристигнал во нејзиниот стан еден ден претходно, во околу 21.30 часот, и дека ѝ донел фустан за роденден“, изјавил извор за „Курир“.

Фото: Инстаграм/Николина Пишек

„Им раскажа на полицајците дека Видое испил чаша вотка и дека потоа имале сексуален однос. Потоа тој заспал. Во еден момент, како што раскажала таа, тој престанал да рчи, па таа се посомневала дека нешто не е во ред. Му се доближила, со цел да провери дали сѐ уште дише, и воочила дека тој не дава знаци на живот. Потоа се јавила во полиција и повикала итна медицинска помош, а, наводно, ѝ се јавила и на мајка му, која потоа ја известила и Николина“, раскажал изворот за истиот медиум.

Фото: Инстаграм/Николина Пишек

Како потсетување, Пишек неодамна гостуваше во поткастот „Skip Or Beep“ на Татјана Јуриќ, каде проговори на оваа тема.

„Била присутна една женска личност во приватниот стан, јас не ни знам како се вика – толку ми е тоа важно, која призна дека била во некаква врска со него, а мојот свекор го формулираше тоа како масажа. Сѐ беше толку чудно, а лекарскиот извештај потврди дека починал од срцева слабост“, сподели Пишек.

Фото: Инстаграм/Николина Пишек

Пишек преку ноќ стана вдовица, но и изневерена жена, а тоа не ја обесхрабри.

„Имаше моменти кога тоа многу ме лутеше, но потоа сфатив дека е многу неважно и дека губам енергија, а имам многу поважни проблеми во животот и работи кои морам да ги решавам, на кои морам да се фокусирам… деца за кои морам да се грижам“, објасни таа.

Николина Пишек: Сѐ што се зборува за мојот сопруг е вистина, знам за жената со која бил во станот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот