Искористете ги листовите од пашканат во јадење или како лек

пашканат народна медицина
ФОТО: Unsplash

Позната е користа на пашканатот, како и кулинарската примена на коренот, но што да правите со неговите листови? Дали треба да ги фрлите или се корисни и можат да се јадат?

Генерално пашканатот е многу корисен зеленчук и незаслужено малку се користи во секојдневната исхрана. Покрај тоа има широк спектар лековити својства. Освен тоа, ако не сте знаеле, и неговите листови се многу корисни, иако нема да им се допаднат на сите.

Кулинарска употреба

Вкусот на листовите од пашканат е специфичен поради високиот процент етерични масла што го содржат. Тие се и лути, и буквално „печат“, дури можат да предизвикаат изгореници кај луѓе кои имаат светла или чувствителна кожа, особено кога се во контакт со наводенети делови од кожата. Младите листови од пашканатот се меки и кршливи и покрај пикантниот лутникав вкус, имаат и горчина. Варените листови од пашканат се вкусни и имаат своја арома, која според некои е пријатна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vicki (@vicsveggiepatch)

Генерално тешко е да ги консумирате самите листови. Но, зачинување на салати, супи, сосови или гарнир со исечкани листови од пашканат е сосема соодветно. Добро е да се измешаат со други билки. Таквите смеси се користат за зачинување и подготовка на зеленчук за супа. Можете да ги користите како фил за солени палачинки и пити, така што ќе ги пропржите на путер со стар или млад кромид, за фил за омлет или кајгана, сосови и слично.

Исто така, зелените делови од пашканатот можат да се соберат за идна употреба, од нив се добива идеален зачин. Ситно исечкајте ги и исушете ги или едноставно замрзнете ги. Можете да ги додадете во супи, во бујони и различни сосови за динстано месо, риба или зеленчук.

Во народната медицина

Листовите од пашканат одамна се користат самостојно или заедно со коренот во народната и традиционална медицина, како и во фармакологијата. Поради тоа, не фрлајте ги!

За користење во народни рецепти треба да ги соберете кога цвета зеленчукот. Врвовите од веќе созреаниот зеленчук (пред да се ископаат за складирање) содржат малку корисни лековити материи. Зелените врвови (стеблата, листовите) се сушат на отворено, распоредени во тенок слој, пожелно е да не се на провев. Треба периодично да се мешаат додека се исушат. Чувајте ги како сите сушени билки на темно и суво место.
Надземните делови од пашканатот се најбогат извор на етерични масла и фурокумарин. Тоа овозможува оваа пикантна билка да се користи како средство за ублажување на болки и успешно лекува хроничен бронхитис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ian (@flowers_food_garden)

За да го подготвите средството, две лажици сува билка прелејте ги со врела вода, нека стои половина час и потоа можете да го пиете чајот или да го испирате грлото правејќи гаргара. Одлично отстранува бронхијална кашлица.

Од листовите пашканат се прави смирувачки чај, кој ја подобрува функцијата на нервниот систем и помага во производство на мелатонинот на кожата по изгореници од сонце. Овој чај се прави од претходно исушени и ситно сечкани листови и стебла од пашканат, измешани со цвет од липа, а може да додадете и мед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот