Исчезнатиот британски астроном пронајден мртов во Чиле

Томас Марш/ Фото Warwickshire Police

Британски астроном е пронајден мртов во Чиле откако исчезнал додека работел на истражување. Томас Марш (60) бил во посета на опсерваторијата Ла Сила, која се наоѓа на работ на пустината Атакама, кога исчезнал на 16 септември.

60-годишниот професор на Универзитетот во Ворвик бил пронајден на околу пет километри подалеку од опсерваторијата. Локалната полиција изрази сочувство до неговото семејство, кое пристигна во Чиле за да помогне во потрагата.

Универзитетот во Ворвик потврди дека е пронајдено тело во Чиле, но додаде дека допрва треба да се изврши официјална идентификација. Ректорката Кристин Енју рече дека ова е многу вознемирувачка вест за целиот универзитет.

„Ова е тешко време за колегите кои го познаваа Том и го сметаа за близок пријател, како и за инспиративен академик и ментор“, рече Енју.

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека е во контакт со локалните власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот