Фото: Приватна архива

Исчезна жена со деменција во Скопје — семејството апелира за помош

Семејството апелира до граѓаните, доколку ја забележат Лидија, да не ја одминуваат, туку да се обидат да ја задржат на безбедно место и веднаш да се јават на телефонскиот број 070 399 945.

Семејството на жена од Скопје, која има деменција, побара помош од граѓаните за нејзино пронаоѓање.

Според последните информации што ги објавило семејството, постои можност Лидија да се качила во автобус со број 22, кој сообраќа на релација Волково – Центар. Од семејството наведуваат дека нејзината локација во моментов е непозната и дека може да се наоѓа каде било низ градот.

Претходно било објавено дека последен пат била видена во населбата Црниче, во општина Кисела Вода.

Семејството апелира до граѓаните, доколку ја забележат, да не ја одминуваат, туку да се обидат да ја задржат на безбедно место и веднаш да се јават на телефонскиот број 070 399 945.

„Ве молам, четири очи отворени. Ако ја видите, задржете ја, не ја одминувајте и јавете се“, стои во апелот објавен на социјалните мрежи.

Сите што имаат каква било информација што може да помогне во потрагата може да се јават на 070 399 945.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот