Обвинетиот пејач О'Хана/Фото: Aubrey Fagon / Alamy / Profimedia

Ирскиот рапер обвинет за поддршка на Хезболах се појави во судот во Лондон

Музичарот Лиам О’Хана, или Лијам Ог О Ханаид, е обвинет за истакнување знаме за поддршка на Хезболах, забранета организација во Велика Британија, на свирка минатата година.

Обвинението против 27-годишното момче од Белфаст беше поведено минатиот месец, откако офицерите за борба против тероризмот процениле видео за кое е пријавено дека е од концертот на Никеп О2 форумот во Кентиш Таун, Лондон, на 21 ноември 2024 година.

О’Хана пристигна во судот на Вестминстер во средата со колегите од бендот Наоис О Кејреалаин и Џеј Џеј О Дочартај, додека толпата обожаватели и поддржувачи се собраа со плакати и знамиња надвор.

За време на краткото појавување, О’Хана го потврди своето име и адреса и беше ослободен со безусловна кауција до неговото следно сослушување на 20 август.
Главниот судија Пол Голдспринг му рекол дека тој ден мора да присуствува на судот.

Бендот Никеп го објави својот прв сингл во 2017 година и станаа пошироко познати во 2024 година по објавувањето на нивниот деби албум и наградуваниот истоимен филм – фикциско прераскажување за тоа како бендот се собрал и за нивната борба за спас на ирскиот јазик.

Групата е позната по нивните провокативни текстови и дизајни – и гласно се спротивставува на воената акција на Израел во Газа.

Тројката од Белфаст е отворен поддржувач на палестинската кауза, а еден од нејзините членови, раперот Мо Чара, познат како Лиам О’Хана, е обвинет за кревање знаме на Хезболах за време на концерт во Лондон на 21 ноември минатата година, проиранското либанско исламистичко движење кое е означено како терористичка организација во Велика Британија.

Станува збор за однесување кое, според полицијата, „дава основано сомнение дека раперот поддржува нелегална организација, во овој случај Хезболах“, што претставува прекршок според британскиот закон.

Тие создадоа следбеници за нивните хедонистички антиестаблишмент песни, но нивниот отворен став се покажа поларизирачки – поттикнувајќи наплив на стриминг за нивните песни и, во исто време, резултираше со откажани неколку нивни свирки оваа година.

Минатата година, тие го добија случајот за дискриминација против владата на Обединетото Кралство откако конзервативната лидерка Кеми Баденох се обиде да им ја одбие наградата за финансирање од 14.250 фунти кога таа беше министерка за бизнис и трговија.

 

ВИДЕО | Рапер од северноирскиот бенд Kneecap е на судење во Велика Британија за поддршка на Хезболах

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот