Ирска и Финска се единствени во ЕУ без раст на нови корона позитивни случаи

epa08377236 A woman pictured using her phone along the River Liffeyl in Dublin City, Ireland, 22 April 2020. According to the Irish Finance Minister GDP will fall by 10 percent and unemplyment peak at 22 percent due to the affects of the Covid-19 pandemic. EPA-EFE/Aidan Crawley

План за постепено олабавување на мерките заради пандемијата со коронавирусот стапува на сила во Ирска.

Продавниците, музеите, фризерниците, фитнес клубовите и библиотеките повторно ќе бидат отворени. Од 4 декември, рестораните и пабовите што служат храна исто така ќе ги отворат вратите за посетители. Сепак, баровите кои нудат само алкохолни пијалоци ќе продолжат да работат единствено со достава до домовите.

Од 18 декември до 5 јануари ќе се воведат уште поголеми олеснувања, а целта е граѓаните да можат да ги прослават претстојните празници. Во овој период, слободното движење ќе биде дозволено низ целата земја, но на прославите ќе можат да присуствуваат членови на најмногу три семејства.

Според Националната здравствена служба, мерките за штедење го запреле вториот бран на епидемијата, а во моментов Ирска и Финска се единствените земји на ЕУ кои не регистрираат зголемување на нови случаи за период од две недели. Во Ирска во понеделникот беа пријавени 306 нови случаи на КОВИД-19 и еден смртен случај поврзан со инфекцијата. Вкупниот број на заразени Ирци од почетокот на пандемијата е 72.544, а бројот на смртни случаи е 2.053.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот