Ирма Гризе – „хиената“ од Аушвиц: Ги камшикувала затворениците и мастурбирала додека им ги преврзувале раните
Жените чуварки во нацистичките логори не се толку познати како мажите, но тоа не значи дека биле помалку сурови. Некои од нив предизвикувале поголем страв од другите чувари, а од околу 37.000 чувари кои активно учествувале во претепувањето, мачењето и убивањето на затворениците, околу 10 отсто биле жени.
Препорачано
Поголемиот дел од нив не успеале да ѝ побегнат на правдата, па биле погубени после војната како воени злосторнички, а една од најлошите била Ирма Илзе Ида Гризе, чуварка во логорите во Аушвиц и Берген-Белсен. Ја нарекувале „хиена“, а понекогаш и „убавата ѕверка“, а прекарот го добила заради бруталните методи што ги применувала врз затворениците. Затворениците во Аушвиц ја нарекувале „хиената од Аушвиц“ („die Hyäne von Auschwitz“).
Сведоци на судењето раскажувале дека луѓето ги тепала до смрт. Нејзиниот „заштитен знак“ бил камшикување со кожен камшик. Затворениците ги удирала врз гола кожа додека не им испукала.
Гризе имала и нарушено ментално здравје. Таа потекнувала д семејство кое имало историја со ментални болести. Мајка ѝ извршила самоубиство пиејќи киселина, откако разбрала дека сопругот ја изневерувал со куќната помошничка.
На 14-годишна возраст го напуштила училиштето, каде што често била вознемирувана од другите деца, по што се зачленила во нацистичката младина, „Лига на германските девојки“. За кратко време им се допаднала за водачите, па во 1942 година ја поставиле за чуварка во Аушвиц.
Позната била по тоа што откако ќе ги искамшикувала затворениците, обожавала да мастурбира додека лекарите им ги преврзувале повредите што им ги нанесувала.
Во една од таквите афери останала трудна, но го натерала еден од затворениците, кој патем бил лекар, да ѝ направи абортус. Против Ирма на судењата сведочеле голем број поранешни заробеници, кои раскажувале дека таа често знаела да им ги пушти агресивните и прегладнети кучиња.
Ирма Гризе на 22-годишна возраст била осудена на смрт со бесење, а нејзиното судење траело 53 дена.
Гризе и уште двајца работнички во концентрациониот логор, Јохана Борман и Елизабет Волкенрат, биле судени, заедно со осум мажи, за злосторства извршени во Аушвиц и Белзен и осудени на смрт. Кога биле прочитани пресудите, Гризе била единствената затвореничка што останала пркосна. Нејзината последователна жалба била одбиена.
Според Венди Адел-Мари Сарти, ноќта пред нејзината егзекуција, Гризе пеела нацистички песни со Јохана Борман до раните утрински часови. На 13 декември 1945 година, во затворот Хамелн, Гризе беше одведена на бесилка.


