ФОТО: Ирански специјални воени сили во Техеран/ EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Иранците со последно предупредување: Ако САД ги преминат „црвените линии“, следува глобален одговор

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) упати предупредување до соседните земји, истакнувајќи дека евентуалниот одговор на Иран би можел да се прошири и надвор од границите на Блискиот Исток. Во пораката се наведува дека таков развој би следел доколку САД ги преминат, како што ги нарекуваат, „црвените линии“ во евентуалните напади врз Иран.

Ова предупредување доаѓа во услови на засилени тензии меѓу Техеран и Вашингтон, при што иранските власти сè почесто сигнализираат подготвеност за поширок одговор во случај на воена ескалација, наведуваат светските новински агенции.

„Ќе одговориме со удар врз американската инфраструктура и инфраструктурата на нивните сојузници што ќе ги остави нив и нивните партнери без нафта и гас од регионот со години – соопшти ИРГЦ.

Овие пораки од Исламската револуционерна гарда до американската војска доаѓаат во часовите до истекот на ултиматумот на Доналд Трамп кој го даде на Техеран за отворање на Ормускиот Теснец.

„Американските лидери не можат ни да проценат кои клучни објекти и средства би ги таргетирале нашите борци во случај на напад врз нашата енергетска инфраструктура“, се додава во соопштението.

 

Иранските власти, исто така, ги повикаа младите да формираат човечки штитови околу електраните за да ги заштитат, бидејќи се приближува последниот рок што го постави американскиот претседател Доналд Трамп до Иран за отворање на теснецот.

Пезешкијан: 14 милиони Иранци се подготвени да ги дадат своите животи за одбрана на Иран

Инаку, во изминатите неколку часа тензиите меѓу САД и Иран ескалираа со размена на остри закани од двете страни. Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција вчера се закани дека ќе ја нападне иранската инфраструктура, додека Иранската револуционерна гарда возврати дека нема да се двоуми да нападе американски цели и бази на Блискиот Исток но и подалеку од него.

Техеран ги повика граѓаните да прават жив штит околу електраните за да ги одврати нападите на САД

Американскиот претседател Трамп изјави дека доколку Иран не се согласи да го отвори Ормускиот Теснец, тој ќе нареди напади врз иранските електрани и мостови во рок од неколку часа, а земјата ќе биде тешко погодена од американските бомби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот