Ормуски теснец EPA-EFE/ALI HAIDER

Иран поставил мини во Ормускиот Теснец? Трамп жестоко го предупреди Техеран

Иран почнал да поставува мини во Ормутскиот теснец во Персискиот Залив. Низ овој воден пат минува околу една петтина од вкупната трговија со сурова нафта во светот, укажуваат информациите од американските разузнавачки служби, јави Си-ен-ен.

Поставувањето на мини засега, според овие инфомрмации, е ограничено на неколку десетици во последните денови. Но Иран располага со значително поголеми капацитети за таква операција.

Изворите наведуваат дека Иран сè уште има на располагање повеќе од 80 до 90 проценти од своите мали бродови и бродови за поставување мини. Тоа значи дека иранските сили би можеле релативно брзо да постават стотици мини во теснецот.

Контролата врз овој клучен морски премин ја споделуваат Иранската морнарица и Иранскиот корпус на Револуционерната гарда. Според претходни анализи, тие имаат можност да распоредат бродови за поставување мини, експлозивни пловила и крајбрежни ракетни батерии долж теснецот.

Американскиот претседател Доналд Трамп жестоко со предупреди Техеран дека доколку Иран поставил мини во Ормутскиот теснец, да бидат отстранети – СЕГА!

Тој на социјалните мрежи предупреди дека ако мините не бидат отстранети, Иран би можел да се соочи со сериозни воени последици.

„Доколку поради која било причина се постават мини, а не се отстранат веднаш, воените последици за Иран ќе бидат од невидени размери“, додаде Трамп.

Иран го затвори Ормускиот Теснец, каде што поминува петтина од светската нафта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот