Мапа во Ормунскиот Теснец на која се посочени мините во него - Извор Х

Иран објави насоки за пловидба како да се избегнат мини во Ормускиот Теснец

Бродовите што планираат да поминат низ Ормускиот Tеснец треба да користат алтернативни патишта за да ги почитуваат принципите на поморската безбедност и да бидат заштитени од можен контакт со морски мини. Ова се наведува во соопштението на Корпусот на иранската исламска револуционерна гарда, кое го објавија иранските медиуми.

Во соопштението се наведени и алтернативни патишта, заедно со мапа што ги покажува. Бродовите што влегуваат од Оманското Море треба да пловат северно од островот Ларак, а потоа да продолжат кон Персискиот Залив.

Бродовите што пловат во спротивна насока треба да излезат од Персискиот Залив, да поминат јужно од островот Ларак и да продолжат кон Оманското Море.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот