Иран ја предупредува Америка: „Ние штотуку почнуваме“
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран ќе биде „избришан од лицето на Земјата“ доколку нападне американски бродови за време на „Проектот Слобода“.
Претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач на минатомесечните разговори со САД, Мохамад Галибаф, вели дека САД ја загрозиле поморската и енергетската безбедност во Ормускиот Теснец, објави „Би-би-си“.
Препорачано
Во објава на „Икс“ денеска, по почетокот на „Проектот Слобода“ на Доналд Трамп, Мохамад Галибаф напиша:
„Новата равенка во Ормускиот Теснец се зацврстува. Безбедноста на поморскиот сообраќај и транзитот на енергенси се загрозени од страна на САД и нивните сојузници со прекршувањето на примирјето и блокадата. Сепак, нивните зли дела ќе пропаднат. Добро знаеме дека продолжувањето на статус квото е неподносливо за Америка, додека ние штотуку почнуваме“.
Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, во интервју за Фокс њуз вчера изјави дека Иран ќе биде „избришан од лицето на Земјата“ доколку нападне американски бродови за време на „Проектот Слобода“, објави „Би-би-си“.
Тој рече и дека Иран станал „многу попопустлив“ во мировните преговори, додавајќи дека САД имаат подобри воени ресурси од Иран.
Танкер е погоден од проектили кај Емиратите, не се знае кој е напаѓачот
Коментарите на Трамп дојдоа откако тој изјави дека американските сили вчера „погодиле седум ирански чамци“ како дел од нивната операција за отворање на Ормускиот Теснец. САД соопштија и дека собориле ирански дронови и ракети.
Американската и иранската војска размениле оган, а американската војска наводно ги уништила бродовите како одговор на иранските ракетни и дронски напади врз воени и трговски бродови.
Истовремено, Иран вчера го изврши првиот директен напад врз Обединетите Арапски Емирати по неодамнешното примирје, истрелувајќи четири проектили. Пријавени се и пожари на нафтена постројка во Фуџаира и товарни бродови кај Дубаи.
Оваа ескалација следува по иницијативата на Доналд Трамп за деблокада на теснецот, на што Техеран најави жесток воен одговор.
Претседателот ја најави операцијата завчера, тврдејќи дека од САД било побарано од земји „од целиот свет“ да помогнат во ослободувањето на нивните трговски бродови кои биле „заробени“ во теснецот.
Си-ен-ен: Директен судир меѓу САД и Иран, уништени се бродови на иранската морнарица


