Ебрахим Золфагари, портпарол на оперативната команда на иранската војска - Извор ПрессТВ.

Иран: Истекува трпението за американските поморски блокади, можен е воен одговор

Иранската војска соопшти дека доколку САД продолжат со „морската блокада и пиратството во регионот“, тоа ќе предизвика решителен воен одговор од Техеран.

Според соопштението од иранска војска, САД и Израел ќе се соочат со големи загуби поради обновената агресија врз Иран, пренесува Н1.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денес го напушти Пакистан, кој е главен посредник во преговорите меѓу Техеран и Вашингтон.

Трамп го откажа патувањето на Виткоф и Кушнер на преговори со Иран во Пакистан

Веднаш потоа, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека се откажува од испраќање американска преговарачка делегација во Пакистан за мировни преговори со Техеран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот