Американски напади на Техеран / Фото: Akasbashi / Sipa Press / Profimedia

Иран им се заканува на Обединетите Арапски Емирати по нападот на нафтената ифраструктура

Министерството за надворешни работи на ОАЕ не одговори веднаш на иранското обвинување дека нападот на островот Харг дошол преку ОАЕ. Девет балистички ракети и 33 дронови беа лансирани од Иран кон ОАЕ во саботата

Иран предупреди дека може да ги нападне американските „скривалишта“ во Обединетите Арапски Емирати. Заканата доаѓа по американски воени напади врз цели поврзани со иранската нафтена инфраструктура и воени позиции, јави Ројтерс.

Војната уби повеќе од 2.000 луѓе, претежно во Иран, и создаде најголемо нарушување на снабдувањето со нафта во историјата, зголемувајќи ги цените нагло, бидејќи поморскиот сообраќај е запрен во регионот кој испорачува една петтина од светската нафта. Некои операции за товарење нафта се суспендирани во емиратот Фуџаира на ОАЕ, голем центар за бункерирање и терминал за извоз на сурова нафта, соопштија одрдени извори, а телевизиските снимки покажуваат облаци од темен густ чад што се креваат во воздухот.

Министерството за надворешни работи на ОАЕ не одговори веднаш на иранското обвинување дека нападот на островот Харг дошол преку ОАЕ.

Девет балистички ракети и 33 дронови беа лансирани од Иран кон ОАЕ во саботата, соопшти Министерството за одбрана.

Иран ги предупреди жителите да ги напуштат областите во близина на пристаништето Џебел Али во Дубаи, пристаништето Калифа во Абу Даби и пристаништето Фуџаира на ОАЕ и рече дека ги таргетира филијалите на американските банки во Заливот.

Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, кој го замени својот убиен татко, рече дека стратешкиот воден пат треба да остане затворен како алатка за притисок.

„Многу земји, особено оние кои се погодени од обидот на Иран за затворање на Ормускиот теснец, ќе испратат воени бродови, во соработка со Соединетите Американски Држави, за да го одржат теснецот отворен и безбеден“, напиша Трамп.

„Во меѓувреме, Соединетите Држави ќе бомбардираат до крајбрежјето и постојано ќе пукаат во ирански бродови и чамци надвор од водата“, напиша тој.

САД уништија воени цели на иранскиот остров Харг, Трамп од „пристојност“ одлучил да не ја бомбардира нафтената инфраструктура

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот