Ирачкиот премиер поднесе оставка

Ирачкиот премиер Адел Абдул-Махди официјално поднесе оставка до Парламентот, а пратениците се очекува денеска да гласаат дали ќе ја прифатат.

Ирачкиот премиер ја најави својата оставка во петокот, еден ден откако за време на антивладините протести во Багдад и јужен Ирак беа убиени повеќе од 40 демонстранти и набргу откако ирачкиот шиитски верски лидер Али ал-Систани предупреди на можноста од граѓанска војна и ги повика пратениците да ја повлечат поддршката за Владата.

Вчера беа убиени уште тројца демонстранти, а најмалку 58 беа повредени.

Најмалку 400 демонстранти се убиени од 1 октомври, кога илјадници Ирачани излегоа на улиците на Багдад и претежно шиитските јужни провинции протестирајќи  против корупцијата, лошите јавни услуги и недостигот на работни места.

Безбедносните сили користеа муниција, солзавец и димни бомби за да ги ратераат демонстрантите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот