ИПИС најави тужба по обвинувањата на СДСМ, Арсовски демантира дека ги правел анкетите

Избори / Фото: ,,Слободен печат''- Драган Митрески

Продолжуваат препукувањата во јавноста околку анкетите нарачани на Јавниот сервис – Македонската радио телевизија. Откако владејачката СДСМ предупреди дека анкетите на МРТВ биле нарачани од ВМРО-ДПМНЕ и дека биле лажни,  Институтот за политички истражувања (ИПИС) најави дека ќе ги преземеле сите правни средства, вклучително и тужби пред надлежните судови.

„Со жалење констатираат дека дел од општествените чинители наместо да бидат корективен фактор кој ќе се бори и ќе ги сузбива лажните вести и дезинформации, тие во одредени случаи се и самите креатори или поддржувачи“, реагираат од ИПИС.

Во реакцијата појаснуваат дека ИПИС во соработка со МРТ спроведува серија истражувања во пресрет на претседателските и парламентарни избори.

По наводите од страна на СДСМ дека МТВ и институтот ИПИС правеле лажни анкети за да укажат на голема предност на ВМРО-ДПМНЕ, се огласи и аналитичарот и сопственик на агенцијата „Креатиф“, Петар Арсовски. Тој рече дека не учествувал во правењето на анкетите, иако во демантот од МТВ беше наведено.

 „Во истражувањето се вклучени две реномирани агенции (факт кои не се споменува во нападите кон нас) чии сопственици се Петар Арсовски и Владимир Божиновски, а во емисијата учествуваат и реномирани гости од општествено–политичкиот живот во Македонија“, стои во демантот.

Петар Арсовски негира дека тој и неговата агенција имаат какво било учество во спроведувањето на анкетите што се објавуваа во емисијата „Објектив“ на МТВ.

Во одговор за порталот „Рацин“ какво е неговото учество во овој проект, Арсовски вели дека тој и неговата агенција не се вклучени во спроведувањето на анкетите и во изведувањето на заклучоците од истражувањата, туку само во делот на анализа и коментар на податоците што ги соопштува ИПИС.

ФОТО: СДСМ тврди дека анкетите на МТВ се лажни и нарачани, ВМРО-ДПМНЕ демантира и најави тужба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот