ФОТО: СДСМ тврди дека анкетите на МТВ се лажни и нарачани, ВМРО-ДПМНЕ демантира и најави тужба

ВМРО штаб зграда
ВМРО штаб / фото: Слободен печат / Драган Митрески

СДСМ објави документ во кој наводно анкетите објавени на Националната телевизија МТВ за рејтингот на партиите се нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Според владејачката партија, ова се лажни анкети и претставува голем скандал.

Се потврдува дека лажните анкети објавени на Националната телевизија МТВ се нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за реализација на цела шема, оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ на 05.12.2023 година за пласирање на лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, но и за други активности како пласирање лажни вести. Документите со потписи потврдуваат дека оперативниот план на ВМРО-ДПМНЕ го содржи она што и реално се случува, велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ги демантираше овие информации и најавија тужба за клевета.

Потписите на документот се целосно измислени и не кореспондираат со реалните. Иако видовме дека за СДС е нормално да го погрешат презимето на нивниот лидер Ковачевски веројатно разумно и логично е ВМРО-ДПМНЕ да си ги препознава луѓето и потписите од својата партија, нешто што не е случај и во посочениот и измислен документ, што само кажува кој е изворот на веста – се вели во соопштението од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа СДСМ да се извини, во спротивно ќе следи тужба за клевета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот