Интервју со д-р Владимир Трајковски: Можноста да се забремени сè побрзо опаѓа по 35. година 

Крајна инстанца во решавање на проблемот на годините и можноста да се забремени кога јајчниците се исцрпени е купување јајце клетки од банките или обезбедување сопствен донор.

Годините најмногу влијаат во способноста да се забремени. Поблизу до менопаузата веројатноста да се забремени опаѓа заради исцрпените резерви на јајчниците и квалитетот на јајце клетките, вели за „Слободен печат“ д-р Владимир Трајковски, специјалист акушер, гинеколог и ИВФ-специјалист во Центарот за плодност „Њуборн клиник“.

Од 20-та до 25-та година е пикот на можноста да се забремени, а потоа на секои пет години опаѓа и тоа сè побрзо по 35-та, особено по 40-та година од животот.

Кои испитувања се прават за да се одреди оваријалната резерва?

– Оваријалната резерва, односно капацитет, е одредена уште на раѓањето на женското дете со бројот на фоликулите, односно јајце клетките, кој потоа сукцесивно опаѓа, особено по почетокот на редовните менструални циклуси. Затоа најнапред се прави УЗ-преглед во деновите на крварење кога се мобилизира капацитетот на јајчниците и се пребројуваат фоликулите. Во истите денови се прави хормонски статус. Зависно од резултатите и наодот од УЗ се прави оценка на резервата. Доколку тие говорат за намалена резерва, може да се изведе и анализа од крвта по прашање на вредноста на антимилеровиот хормон.

Кои се ризиците кај бременоста во подоцнежните години?

– Бременоста освен физиолошка, може да биде и патолошка. Втората може да се пројави и кај исклучително млади трудници. Во бременостите во подоцнежна возраст може да се надгради на веќе постоечките морбидни состојби, кои се резултат на наследниот фактор или новостекнати во актуелниот живот. Се разбира и стареењето на органските системи особено на кардиоваскуларниот и исцрпувањето на ендокриниот систем имаат значајно влијание на комплицирање на бременоста. Сè ова значи почест и подетален мониторинг на бременоста кај трудниците по 35. година, како на здравјето на трудницата, така и на плодот.

И стареењето на органските системи особено на кардиоваскуларниот и исцрпувањето на ендокриниот систем имаат значајно влијание на комплицирање на бременоста.

Какво решение нудите доколку причината за стерилитет се годините? Што може жената да направи во ваков случај?

– На сцена е модерно доба, кога можностите што ги нудат развиените заедници доведуваат до појава на сè постари парови, како и повозрасни мајки поради помалку и неразбирливото одложување на родителство од страна и на машкиот и женскиот партнер, а особено женскиот. И во тој поглед современата медицина нуди можност за зачувување т.е. замрзнување на јајце клетките кај жените кои сè уште не се одлучиле за бременост, а годините ближат кон критичната возраст (40). Наредна можност кај намалената оваријална резерва на база на возраста е колекционирањето, односно сукцесивни процедури со најмала употреба на медикаменти и во најдобра рака добивање ембриони во последователни циклуси, нивно замрзнување со цел подоцнежен трансфер и обезбедување прифатлива „резерва“. Се користи и постапката на т.н. „подмладување“ – рејувенација на јајчниците. Крајна инстанца во решавање на проблемот на годините и можноста да се забремени кога јајчниците се исцрпени, е купување јајце клетки од банките или обезбедување сопствен донор.

„Њуборн клиник“ – Центар за плодност, булевар „Илинден“ 107, 1000 Скопје, Телефон : +389 (0)2  2734 350

(комерцијален текст)

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот