Интерпол: Во Кина и Јужна Африка запленети стотици лажни вакцини против ковид-19

Властите во Јужна Африка запленија стотици шишиња лажни вакцини ковид-19, по глобалното предупредување издадено од Интерпол дека вакцините станале примарна цел на криминалните организации.

400 ампули со лажни вакцини се пронајдени во магацин во Гермистон, недалеку од Јоханесбург, а полицијата уапси тројца кинески државјани и еден граѓанин на Замбија, се наведува на веб-страницата на Интерпол.

Јужноафриканската полиција заплени 400 ампули, со околу 2 400 дози лажни вакцини во Гермистон, Гаутенг, заедно со голема количина со лажни маски од марката 3М.

Претходно, кинеската полиција успешно идентификуваше криминална мрежа која продавала лажни вакцини, упаднала во погон за пакување, уапсила околу 80 осомничени и запленила повеќе од три илјади дози лажна вакцина.

Во истрагата се вклучени одделот на Интерпол за недозволени производи и глобално здравје, се вели во соопштението, додавајќи дека фотографии од оригиналната вакцина се достапни и се објаснети легалните методи на дистрибуција што ги користат фармацевтските компании за да помогнат во идентификување на лажни вакцини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот