Интернистот и диџеј Спироски: Како останав негативен досега

Последниот чекор е најпроблематичен… а тоа е социјализацијата. Не може човекот без социјализација, тоа е јасно, вели Спироски.

Интернистот и диџеј Игор Спироски на својот фејсбук-профил редовно споделува искуства од својата професија, во која е секојдневно изложен на ризик поради новиот коронаворус. Овој пат, Спировски пишува дека се тестирал четири пари досега и овој пат како и претходните тестот е негативен.

Неговиот статуси имаат голем број допаѓања и споделувања на социјалните мрежи.

– Како останав негативен досега!? Денес го направив четвртиот тест годинава, негативен е. Антителата покажуваат дека сум немал контакт со овој тип на вирус. За себе сметам дека сум доста отворена и социјална личност со изложена работа во периодов (лекар), изложено хоби (музички селектор-диџеј ) и доста пријатели од најразлична провиниенција. Би сакал да го споделам со вас мојот начин на живот и со тоа можеби да придонесам за побезбедна есен/зима како и кон поадекватни мерки кои ги превзема владата. Истовремено да се заблагодарам на мојата институција – Кардиологија каде се одржува безбедна средина за работа како и на мојот прв и втор круг на пријатели со кои делиме ист ризик во времево-невреме.

Интернистот Игор Спороски/ Фото: Фејсбук

Спирковски пишува дека на работното место не користи Н95 маска, користи обична заштитна, затоа што верува дека вирусот најмногу се шири преку флугеови капки (микроплуканка) од инфицирана личност.

– Редовно користам дезифициенс после секое влегување во затворена просторија. Неретко кога можам носам заштитни наочари или кога разговарам со пациенти ги користам и моите диоптриски очила како заштита. Со пациентите и колегите разговараме на дистанца и носење на заштитна маска. Во сала влегувам со вообичаена заштита и тоа е тоа, но биг деал. Со моето хоби ситуацијата е лесно поинаква. Прво селекцијата на музика што ја пуштаме се адаптира на новонастанатата ситуација slow grooves- атмосфера музика, второ местата каде пуштаме вообичаено добро го изолираат диџејот од останатите гости и се чувствувам безбедно. Трето не носам секогаш маска кога поминувам низ затворен простор, но добро пазам да се изолирам и себе и соговорникот од близок контакт и прелетување на флугеови капки- пишува интернистот.

Интернистот Игор Спироски / Фото: Фејсбук

Користам дезинфициенс и вообичаено добро сум заштитен со внимателната услуга на местата каде што одам (одам само таму каде што има вакви услови).

Е сега далеку од тоа дека сум цело време заштитен по пропишаните норми, но постојано мислам на дистанцата и на флугеовите капки. Последниот чекор е најпроблематичен… а тоа е социјализацијата. Не може човекот без социјализација, тоа е јасно. Изборот мој и на моите блиски пријатели е да го поделиме ризикот во дадена група која не е поголема од десет луѓе. Сите од нив имаат адекватен став и познавања за вирусот и неговите карактеристики и истовремено алфа зборувачот добива секогаш предупредување за тонот и близината за разговор. Се одржува дистанца и се инсистира на сопствен прибор во дружбите во затворен или отворен простор. Направен е круг во кој се дели ризикот. Избегнувам колку можам масовни собирања- потенцира тој.

Далеку дека сум 100 проценти заштитен, но повеќе не можам, истакнува Спироски во објавата.

– Муабетот ми беше, и на отворено и на затворено има огромна опасност во гужва и намалено растојание само заради олеснето ширење на микроплуканка од усна шуплина во друга шуплина или очна слузница, посебно кога не се носи маска. Посебно во есенски услови кога е зголемено движењето внатре надвор во местата. Според мене ова е ситуацијата на која треба да обрати внимание владата. Ограничена гужва и носење маски. Се друго е драконско и неадекватно, а посебно запирање на активноста на музиканти, музичари и музички селектори диџеи. Ве поздравувам и take care. Light&love“- истакна Спироски.

Kako ostanav negativen do sega!? Denes go napraviv chetvrtiot test godinava, negativen e. Antitelata pokazhuvaat deka…

Publiée par Igor Spiroski sur Lundi 5 octobre 2020

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот