Интересни имиња меѓу пријавените за прв човек и членови на ДИК
Заврши рокот за пријавување на конкурсот за претседател, потпретседател и петмина членови на Државната изборна комисија (ДИК). Пристигнати се пријавите на вкупно 15 кандидати, а специфично е тоа што една личност може да се пријави за само една, но и за сите три функции.
Препорачано
Покрај „старите волци“, поранешните претседатели и членови на ДИК, Александар Даштевски и Борис Кондарко, меѓу пријавените се и поранешниот
вицепремиер за евроинтеграции Бојан Маричиќ, како и поранешната заменичка на министерот за правда, Викторија Мадиќ-Аврамовска, пишува телевизијата „24“, која го објави целиот список на пријавени кандидати за функциите.
Меѓу нив е и Марија Митановска Димовска, вработена во Министерството за правда и сопруга на поранешниот началникот на интервентната полиција и боксерски репрезентативец, Примислав Димовски
Еве го списокот на кандидати за ДИК кој го објави ТВ „24“:
1.Бојан Маричиќ (дипломиран правник од Скопје) – пријава за претседател или член
2.Александар Даштевски (дипломиран правник од Скопје) – пријава за член
3.Ангелчо Ристов (магистар по право, од Делчево) – пријава за член
4.Викторија Аврамовска Мадиќ -(магистар по правни науки од Скопје) пријава за член и потпретседател
5.Фезу Џафери (дипломиран правник од Чајле кај Гостивар) – пријава за претсетател, потпретседател и член
6.Светлана Карапетрова (магистар по економија-финансии, сметководство и ревизија од Тетово) – пријава за член
7.Борис Кондарко (дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје) – пријава за член
8.Марија Митановска Димовска (дипломиран правник од Скопје) – пријава за член
9.Дитмире Шеху (дипломирана правничка од Гостивар) – пријава за член
10.Даниела Маркоска (дипломиран правник од Скопје) – пријава за претседател
11.Елита Шуки (дипломиран правник со положен правосуден и нотарски испит од Скопје)
12.Добре Јанчев (дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје) – пријава за претседател и член
13.Бети Ѓорѓиеска (дипломиран инженер по електротехника од Скопје)
14.Ивана Костадиноска (дипломиран правник од Скопје) пријава за член
15. Благоја Гешоски (доктор на дефектолошки науки од Прилеп)


