Интересен и поинаков – Појадок во чашка полна витамини, пробајте го задолжително!

Пробајте нешто различно, појадок во чашка полна витамини

Потребно време за подготовка: 15 минути

Потребни состојки (за две сервирања):

2 јаболка, излупени и исечени на парчиња
2 супени лажици кафеав шеќер
¼ кафена лажичка цимет
1 супена лажица путер
1 супена лажица брашно
2 супени лажици ореви (исчистени)
4 супени лажици житарки
350 мл овошен јогурт со вкус на ванила

Начин на подготовка:

Во огноотпорен сад ставете ги јаболката, една лажица кафеав шеќер и циметот. Садот ставете го во микропечка околу 2 минути, или додека јаболката не омекнат. Извадете ги од микропечката и оставете да се оладат.

Во еден сад ставете го путерот, па додајте го брашното и уште една лажица кафеав шеќер. Додајте ги оревите и житариците и измешајте. Смесата треба да биде ронлива. Смесата ставете ја на тава обложена со хартија за печење и ставете ја во рерна на 200 ˚C. Оставете да се пече околу 8 минути.

Откако јаболката ќе се оладат, поделете ги еднакво во две стаклени чаши. Врз секоја од чашите додајте од овошниот јогурт, а над јогуртот ставете од смесата со ореви и житарици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот