Интер се договори и со напаѓачот на Челзи!?

Договорот со Челзи истекува на крајот на оваа сезона, но Интер сака да го ангажира сега заради неговите постојани проблеми со повредените играчи во нападот.

Оливие Жиру се очекува да направи трансфер во калчолигашот, известува новинарот Џанлука Ди Марцио.

Италијанските и британските медиуми изминатите неколку денови шпекулираа дека капитенот на Манчестер Јунајтед, Ешли Јанг, исто така, се договорил со лидерот во Серија „А”.

Според информациите, вчера имало средба помеѓу агентите на играчот и претставниците на гигантот од Милано, која завршила со поволен развој.

Двете страни си пружиле рака за договор за две и пол години. Договорот на Жиру со Челзи истекува на крајот на оваа сезона, но Интер сака да го ангажира сега заради неговите постојани проблеми со повредените играчи во нападот.

Па сега, незгодниот дел е за двата клуба да се разберат за сумата за трансфер. Лондонскиот тим бара тоа да биде помеѓу 8 и 10 милиони евра, додека „неро-аѕурите” имаат тенденција да плаќаат само половина од тие пари.

Самиот 33-годишен Французин добил и други понуди, претежно од англиски тимови, но сепак го претпочитал проектот на Италијанците, додава Ди Марцио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот