Институт „Роберт Кох“: Дневен рекорд во Германија – 30.277 лица инфицирани со ковид-19

Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN MARQUARDT / POOL

Германија за првпат од почетокот на пандемијата со ковид-19 има над 30.000 инфекции на дневно ниво, објави Институтот „Роберт Кох“.

Институтот објави дека податоците за заразените вклучуваат 3.500 случаи од југозападната провинција Баден-Вуртемберг кои од технички причини не биле вклучени во статистиката на случаи од четвртокот.

Во изминатите 24 часа се потврдени рекордни 30.277 случаи на ковид-19 и починаа 813 лица, што е втор најголем пораст од март. Бројот на смртни случаи во последно време бележи раст, што и се очекуваше со оглед на наглиот пораст на инфекциите.

Германија досега потврди над 1,4 милиони инфицирани лица и 24.938 жртви на ковид-19 од почетокот на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот