Инспекторите уште „мака мачат“ со решенијата за изолација поради Ковид 19

Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Државниот санитарен и здравствен инспекторат уште се соочува со граѓани кои треба да се во изолација поради Ковид 19, а кои не ги примаат решенијата за изолација.

Поради тоа денеска во „Слободен печат“објавен е нов список на 52 лица за кои не може да се изврши уредна достава на издадените решенија со наложена мерка од ДСЗИ. Сите лица од списокот се од Скопје.

– Во текот на вчерашниот и на денешниот ден, ДСЗИ го објави списокот на граѓани во Република Северна Македонија кои не ги примиле издадените решенија. Имаше два неуспешни обиди за доставување преку АД Пошти. Постојат уште еден дел на недоставени решенија кои по консултација со правниот тим, по трет пат се испраќаат овој пат преку брза пошта, вели доктор Ирина Сотирова Бухова, директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот