Инспекторите на УЈП најдоа хаос на терен

Фотографија: Слободен печат

Од почетокот на годината, заклучно со 30 октомври се направени 3.712 контроли, а кај 1.900 се најдени неправилности, информираше директорката на УЈП Сања Лукаревска на брифингот со новинарите.

Покрај ваквите редовни контроли се направени и акциски во Бутел, Стара чаршија и во Чаир. Од 63 извршени контроли, кај 43 се евидентирани неправилности.

Во Арачиново е правена контрола со Пазарен инспекторат и од16 отворени објекти, кај 8 се најдени неправилности и дополнително 8 се со нерегистрирана дејност.

Направени се контроли и на клиники, односно проверка на 11 фискални системи, при што кај 4 има неправилности. Станува збор за неиздавање фискални сметки во Детска болница, Очна и на Онкологија, како и на еден институт. На Институтот за јавно здравство се правени проверки за данок на добивка.

Во два наврата има постапка и за паркингот на поликлиниката Бит-пазар каде што две нерегистрирани лица наплатувале паркинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот