Инспектори на МВР влегоа во фирма на Орце Камчев

Полициски иследници денеска влегле во неколку фирми кој се поврзани со долгот од 400.000 евра на ВМРО-ДПМНЕ, пари потрошени за последните претседателските избори. Една од фирмите е фирмата „Монт“ која е дел од „Орка Холдингот“ на бизнисменот Орце Камчев. Другата фирма е „Горфактори“ од Шпанија за која многу малку се знае во јавноста. МВР засега не соопштува детали за акцијата. Од полицијата велат во текот на денот ќе соопштат повеќе детали, но и причината за акцијата.

Како што е познато, пред неколку недели државните ревизори ги објавија извештаите за претседателските избори. Токму тогаш СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ должи 400.000 евра за кампањата на Гордана Сиљановска

„Тоа е спротивно на член 71 од Изборниот законик каде е наведено дека сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка. Затоа молчи ВМРО ДПМНЕ.Дали токму овој незаконски долг од 400.000 евра е причината што ВМРО-ДПМНЕ го кочи изборот на прв човек на Државниот завод за ревизија?“, обвинија тогаш од СДСМ.

Владејачката партија неколку пати излезе со обвинувања дека токму Камчев преку негови фирми ја финансирал претседателската кампања на ВМРО-ДПМНЕ.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска изјави дека најверојатно тоа е акција на МВР и оти во овој момент подетални информации околу тоа нема.

Орка Холдинг со демант за полициска акција во „Монт”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот