Иниеста не размислува за пензија, потпиша нов договор со Висел Кобе

epa08847992 Andres Iniesta of Kobe in action during the AFC Champions League group G match between Vissel Kobe and Guangzhou Evergrande at Al-Janoub Stadium in Al-Wakrah, Qatar, 28 November 2020. EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Поранешниот фудбалер на Барселона уште најмалку две години ќе игра за јапонскиот тим.

Андрес Иниеста на само еден пред својот 37 роденден, потпиша нов договор со јапонскиот Висел Кобе. Свечената церемонија на потпишување на договорот беше во Токио каде покрај Иниеста беше и претседателот на Висел Кобе, Хироши Микитани кој воедно е и сопственик на компанијата Ракутен која е главен спонзор на Барселона.

– Во Јапонија се чувствувам како дома и мило ми е што ќе продолжам да бидам дел од овој проект. Очекувам дека Кобе ќе се крева во јапонскиот вудбал и дека заедно во иднина ќе имаме одлични резултати – изјави Иниеста.
Андрес Иниеста во јапонскиот Висел Кобе пристигна во 2018 година по 22 години поминати во Барселона. Засега во дресот на јапонскиот тим успеа да освои два трофеи, националниот Куп во 2019 година и Суперкупот во 2020 година. Во дресот на Барселона освои девет титули во Ла Лига како и четири титули во Лигата на шампионите, а беше и стрелец на одлучувачкиот гол во финалето на Мундијалот 2010 година со кој Шпанија ја освои титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот