Иницијативата за укинување на КОВИД сертификатите „падна“ на Уставен суд

Седница на Уставен суд / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Уставниот суд на денешната седница не поведе постапка по иницијативната поднесена на  Одлуката на здравствените власти со која се забранува влез во објекти и делови од објекти наведени во одлуката, без поседување и приложување на: сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза од вакцина против заразната болест КОВИД-19 и сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Судијата известител Вангелина Маркудова на седницата рече дека наводите во иницијативата се неосновани, бидејќи Одлуката на здравствените власти е разумна и е донесена за општо добро поради пандемијата со КОВИД-19, врз основа на препораките на СЗО.

И судијата Дарко Костадиновски се согласи дека Одлуката на здравствените власти е разумна, легитимна и е за општото здравје на граѓаните.

Спорно за подносителот на иницијативата Николче Марушевски, меѓу другото било ограничувањето на движењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот