Лула Лахва / Фото: Инстаграм/Лула Лахва

Инфлуенсерка почина на 26 години, неколку недели откако завршила во болница поради здравствени проблеми

Инфлуенсерката Лула Лахфа, која ја следат повеќе од 3,3 милиони луѓе на Инстаграм и ТикТок, е пронајдена мртва во стан. Таа имаше само 26 години.

Инфлуенсерката била пронајдена мртва во станбена зграда во населба во јужна Џакарта, Индонезија. Нејзиното тело го пронашле припадници на обезбедувањето, изјавил шефот за односи со јавност на полицијата, Комбес Буди Херманто, за „Си-ен-ен Индонезија“.

„Во моментов, службеници од Единицата за криминалистички истраги на полицијата во Јужна Џакарта сè уште го обработуваат местото каде што девојката е пронајдена мртва за да ги истражат околностите под кои починала и координираат со семејството“, додал Херманто.

Лула Лахва / Фото: Инстаграм/Лула Лахва

Лахфа, која имаше повеќе од 3,3 милиони следбеници на Инстаграм и ТикТок, беше позната по споделување содржини за животниот стил и убавината на мрежите. Таа најпрво се прослави објавувајќи обработки на популарни песни на музичкиот сајт СаундКлауд, за на крајот да објави и неколку свои оригинални песни.

Според податоците на „Си-ен-ен Индонезија“, Лахфа имала неколку здравствени проблеми и ја поминала Новата година во болница поради физичките тегоби што ги чувствувала. Таа продолжила редовно да објавува содржини на социјалните мрежи сè до неколку дена пред смртта – последен пат споделила објави на Инстаграм и ТикТок на 21 јануари.

@lulahfahsiapa yang selalu buru-buru & mepet kalo siap-siap?😌

♬ original sound – lula lahfah


Музичката група „Вирд џинијус“, чиј член е и момчето на Лахфа, Реза Октовијан, го откажа својот концерт неколку часа пред да биде објавена веста за смртта на Лахфа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот