Индустријата во февруари со пад во бројот на работници за 3,2 отсто

Во секторот преработувачка индустрија забележан најголем пад кај работната сила од 3,6 проценти во месец февруари во споредба со истиот месец претходната година.

Бројот на работници во индустријата во февруари годинава, во однос на февруари лани е намален за 3,2 отсто. Намалување од 3,2 проценти на бројот на работниците е регистрирано и во периодот јануари – февруари годинава, во однос на првите два месеца од минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во секторот преработувачка индустрија е регистриран пад од 3,6 проценти на бројот на работниците во февруари годинава во однос на февруари лани, во рударско и вадење камен за 0,8 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,3 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, бележи опаѓање кај енергија за 0,6  проценти, интермедијарни производи, освен енергија за 4,2 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 6,6  проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,5 проценти, додека пораст бележи кај капитални производи за 0,4 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот