Индонезија забранува влез за невакцинирани лица, законот важи и за жителите на земјата

Фото: Профимедиа

Индонезиските власти им забрануваат влез на странците кои немаат примено две дози вакцини против Ковид-19, со што би го спречиле ширењето на корона вирусот, пренесува Гардијан.

Шефот на индонезиската работничка група за спречување на ширењето на Ковид-19, во неделата изјави дека од 6-ти јуни и странски и домашни државјани кои ќе сакаат да влезат во земјата, ќе мора да покажат дигитален или физички доказ дека се вакцинирани.

Должноста да се покаже сертификатот, може да се изостави само кај дипломатите и службените лица. Индонезиската влада го продолжи и карантинот за странските патници од пет на осум дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот