Индексите на Вол Стрит забележаа голем пад по зголемувањето на бројот на заразени

Фото: EPA-EFE/BIANCA DE MARCHI

Индексите на њујоршката берза Вол Стрит забележаа голем пад, по новото зголемување на бројот на заразени со коронавирусот. Лошиот резултат го намали неодамнешниот оптимизам дека економијата би можела брзо да закрепне од најтешката криза во последните децении.

Дау Џонс падна за 1.862 поени или 6,9 проценти, додека Насдак падна за 5,3 проценти.

Индексот Стандард и Пур падна за 5,9 проценти, што е најлош резултат во еден ден од средината на март кога акциите паѓаа нагло поради воведувањето рестриктивни мерки за борба против коронавирусот.

Како што пренесуваат странските медиуми, бројот на заразени со вирусот повторно расте во САД, како резултат на пообемни тестирања, но и послободно движење на луѓето и обновување на деловните активности.

Според официјалните податоци, бројот на заразени лица во САД надмина два милиона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот