Имате проблеми со спиењето? Еден новогодишен украс може да биде виновен за тоа

Фото: Pexels / Valeria Boltneva

Новогодишните декорации и светилки изгледаат прекрасно, сјајно и навистина можат да нè израдуваат и да нè стават во празнично расположение, но експерт предупредува дека тие би можеле и да ни го попречат правилниот сон, пишува „Мирор“.

Како што се наближува најубавиот период од годината, домовите ќе бидат украсени со светилки, новогодишни елки и разни други украси.

Психологот Кетрин Хол објасни дека љубителите на празничните украси ќе бидат разочарани од овој податок бидејќи, за да одржат здрав сон, можеби ќе треба порано да ги изгаснат светилките.

„Да се ​​биде изложен на интензивна, силна светлина пред спиење не е добро за хигиената на спиењето“, објасни таа.

Таа додаде дека светлата што ги сакаме за време на празничната сезона испраќаат погрешен сигнал до мозокот, го нарушуваат производството на мелатонин и го нарушуваат циклусот на спиење, што не е идеално ако сакаме да имаме здрав сон.

Конкретно, Хол препорачува да се избегнува сината светлина на новогодишните светилки, бидејќи го потиснува мелатонинот и го нарушува деноноќниот ритам.

„Сината светлина често се наоѓа во телефоните и ЛЕД-светлата, а поради нејзиното стимулирачко дејство кое предизвикува будност, негативно влијае на циклусот на спиење“, вели таа.

Разнобојните светла исто така, ја нарушуваат регулацијата на мелатонин и не се погодни за мирен сон. Слично на тоа, тие создаваат зголемена визуелна стимулација, попречувајќи ја можноста за квалитетен сон.

Психологот Хол советува дека најдобро би било да изберете светилки со потопли бои, бидејќи тие даваат понежен и смирувачки сјај, поттикнуваат релаксација и предизвикуваат поквалитетен сон“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот