Имале трансплантација на срцето на ист ден, во иста болница: Љубовната приказна на овој брачен пар ги воодушеви сите

Тејлор Гивенс и Колин Кобеља / Фото: Инстаграм/Тејлор Гивенс/Колин Кобеља

Болницата е последното место каде што би очекувале да ја пронајдете вашата сродна душа, но тоа не било случај со Тејлор Гивенс и Колин Кобеља. Нивната љубовна приказна сведочи за моќта на надежта и за неочекуваниот начин на кој љубовта може да не пронајде. На двајцата им биле дијагностицирани срцеви болести во младоста и им била неопходна трансплантација на срце за да добијат шанса за живот.

Гивенс била студентка која работела на својот курс кога одеднаш се соочила со итната лекарска интервенција. Од друга страна, Кобеља е роден со срцева мана.

Колин Кобеља / Фото: Инстаграм/Колин Кобеља

Како што судбината си поиграла со нив, доказ е дека Гивенс и Кобеља имале трансплантација на срце во ист ден во иста болница. Додека Тејлор била подложена на првата трансплантација, Колин се изборил за втората. Тие завршија во иста болничка соба за опоравување, еден до друг.

„На почетокот навистина немаше никакви романтични искри бидејќи и двајцата бевме кутри. Искрата пламна пет години подоцна“, вели Тејлор.

Тејлор Гивенс / Фото: Инстаграм/Тејлор Гивенс

Животот им подготвувал поинаков план. На петгодишнината од трансплантацијата, Гивенс и Кобеља неочекувано повторно се сретнале во болницата, каде што имаа дополнителни контролни прегледи кај своите лекари.

Веднаш по нивната средба, Колин ја покани Тејлор на вечера. За првпат по операциите, тие можеле да се поврзат надвор од болницата. Заедничките искуства за борбата за живот создале силна врска меѓу нив.

„Беше слатко, бидејќи моравме да го пиеме лекот во исто време, истиот лек. Дефинитивно почувствував искра, а тоа воопшто не го очекував“, признал Гивенс.

Тејлор и Колин / Фото: Инстаграм/Тејлор Гивенс

Длабочината на нивната врска е единствена.

„Беше одлично што почнав да излегувам со некој на кој не мора ништо да му објаснувам. Можете само да го живеете животот на нормален начин“, заклучил Колин.

Тејлор и Колин / Фото: Инстаграм/Тејлор Гивенс

Сите што ќе слушнат за нивната приказна мислат дека им било „предодредено“ да се пронајдат и да бидат заедно. И двајцата ја делат љубовта кон книгите и видеоигрите, при што Кобеља е топол и оптимист, а Гивенс аналитична и прагматична.

Заедно го истакнуваат најдоброто од партнерите и се надополнуваат. По неколкугодишна врска, тие се венчаа во 2019 година и сега живеат во Мериленд.

„И двајцата минавме низ едно од најлошите искуства што можете да ги доживеете во животот. Дефинитивно изгледа како сè друго што ни го фрла животот, можеме да го поднесеме“, рекол Кобеља.

Тејлор и Колин на нивната венчавка / Фото: Инстаграм/Тејлор Гивенс

И покрај тековните здравствени борби на парот, тие продолжуваат заедно да ги решаваат. Кобеља лани ја добил четвртата трансплантација на срцето, додека Гивенс е во ремисија од лимфом.

„Имајќи го покрај себе, не се плашам од толку многу нешта, дури и од нешта како мојата смртност“, вели Гивенс за својот сопруг.

Тејлор и Колин / Фото: Инстаграм/Тејлор Гивенс

Двојката останува посветена на борбата со секој медицински предизвик и се обидува да го надмине со својата непоколеблива љубов и посветеност еден кон друг.

„Гледајќи го како се бори низ овие трансплантации и како напредува, ми дава ново чувство на надеж и цел“, истакнала Тејлор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот