Имал афера со жената на својот брат која набрзо починала: „Нивното дете можеби е мое“

Бидејќи неговиот брат се уште страда поради смртта на сопругата, мажот е во морална дилема.

Чарлс имал афера со жената на неговиот брат, сега починатата Тања. Пред да почине, и ветил дека ќе му каже на својот брат Грег дека нивното дете можеби е негово.

Бидејќи Грег се уште страда поради смртта на сопругата, Чарлс е во морална дилема, знаејќи дека ваквата вест на неговиот брат би му задала голем удар.

Чарлс и Тања имале афера кратко по венчавката на Тања и неговиот брат. Спиеле заедно, па таа останата бремена набрзо. Се договориле да не му кажат на Грег бидејќи верувале дека тоа би го уништило.

Кога се разболела, Тања му кажала на Чарлс дека би сакала Гред еден ден да дознае за оваа можност.

Со цел да ја смирам, и ветив дека ќе му кажам, напиша Чарлс на порталот Reddit и додаде – Не му кажав и не знам дали тоа некогаш ќе го направам. Неверојатно е депресивен поради смртта на Тања.

– Од практични причини, детето е негово. Тој го одгледува. А ниту детето не е запознаено со ништо поинакво. Мислам дека би било злобно доколку му кажам нешто толку сериозно, а тоа можеби и не е точно. Можеби детето е навистина негово, истакна Чарлс.

Некои од коментарите гласеа…

– Тоа би го уништило твоето семејство. Тргни се од тоа,

– Јас би ја однел тајната во гроб, доколку сум на твое место,

– Нема причина било што да кажеш. Тоа би било дополнителен товар за твојот кутар брат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот