Има само 24 години и стан од 100 квадрати: Еве колку Анастасија Ражнатовиќ платила за луксузната недвижност
Ќерката на српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ, привлекува големо внимание во јавноста, а сега е откриено дека купила стан во луксузната белградска населба, Белград на вода.
Препорачано
Иако има само 24 години, младата пејачка купила стан од 100 метри квадратни во Белград на вода, а за него ќе потроши повеќе од 300.000 евра, пренесува „Глорија“.

Станот е во почетна фаза на градба, а вселување ќе може да планира дури за две-три години.
– Го потпишав договорот за станот, можеме да наздравиме. За две и пол години ќе можам да се вселам, станот е уште во изградба, ќе биде готов за две до три години – им се пофалила Анастасија на пријателите.

Како што истакнала, сѐ уште не размислува како ќе си го уреди просторот, а верува дека тоа ќе им го препушри на тетка си Лидија и мајката Цеца Ражнатовиќ, кои уживаат во уредување на ентериерот.
Анастасија Ражнатовиќ запросена во Париз: По настапот ја очекувал огромен букет рози
Кој е познатиот српски фудбалер, новата љубов на Анастасија Ражнатовиќ?


