Има пациенти кои имаат тешка клиничка слика, а немаат претходни болести

Тешка стостојба на заболен од Ковид-19 значи кога пациентот е целосно зависен од респираторна поддршка, односно е ставен на респираторна машина и има отажнато дишење, односно ткивата не можат да се снабдуваат со кислород.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција, на прашање на МИА појасни дека тешката состојба кај пациентите кои се лечат од Ковид-19 е поради врзувањето на кислородот за хемоглобинот во крвта.

-Тие пациенти веднаш се приклучуваат на респираторна поддршка. Не само кај нас туку и во други земји во светот има пациенти кои имаат тешка клиничка слика, а немаат претходни болести, истакна Филипче.

Министерот рече дека и кај нас има такви случаи и нагласи дека тоа се случува и кај помлади пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот